fbpx

Се огласи келнерот: Еве зошто Димче платил 54.000 за ручек во Охрид

Драмата продолжува!

Извесен Димче Дамчевски пред неколку дена се пожали за сметката која ја платил во една од охридските кафеани.

„Знајте з’ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з’ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек, а истите тие луѓе во ,,Атва”-Кичево нити 4000 денари, ете зато!!! П.С. Ова пастрмчево едното, не двете, демек ,,охридско”, не ет случајно сликано.. замислете 3 кг имало по 4.900 денари си го платиФне 14.700 денари. Нек ни ет наздравје, е зато немет гости, оти сакет да се збогатет наеднаш“, напиша тој на својот фејсбук-профил.

Сега на социјалните мрежи се огласи и келнерот кој наводно бил на смена кога „оштетениот“ се гоштевал.

„На сред вода, со личен келнер, со музика специјално за нив, со полна маса со храна и пијалоци во толкава количина што едно село во Африка би јадело цела недела, а овој се жали дека во Охрид има платено 54.000 денари“, напиша тој.

Следни Објави

Ви текнува ли на распеаниот камионџија? На интензивна е, потребна му е помош

Се сеќавате ли на професионалниот возач кој се прослави како пејач? Андруш Ангелковски преку ноќ стана познат откако видеото на кое маестрално ја интерпретира нумерата „Оди ѕвездо” од Наум Петрески стана вирално. Македонскиот гастарбајтер, кој подоцна се врати во татковината, во 2015 година сними и дует со Наум. „Јас и […]