Турската актерка Бергузар Корел комплетно го промени имиџот.
Славната Шехерезад од серијата „Илјада и една ноќ“ тешко дека денес би ја препознале, особено по оваа драстична стилска промена.
Ако судиме по реакциите на „Инстаграм“, фановите очигледно се задоволни од тоа како сега изгледа таа.
Ѕвездата од телевизиските серии покрај актерството, последните години ужива и во пеењето со кое, исто така, професионално се занимава.
Бергузар е во брак со славниот турски актер Халит Ергенц, ѕвездата од „Величенствениот“. И покрај бројните шпекулации дека се пред развод, тие се’ уште се заедно.
Се запознаа токму на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“ која и на двајцата им донесе огромна светска слава. Медиумите во тој период пишуваа дека актерот ја напуштил тогашната бремена сопруга Гизем Сојсалди токму поради Бергузар.