Влошена е здравствената состојба на легендарниот пејач, автор и музичар Бора Ѓорѓевиќ.
Фронтмен на легендарниот бенд „Рибља чорба“ е на кислородна поддршка и не може да се изврши никаков оперативен зафат, откри неговиот менаџер Бане Обрадовиќ кој по вторпат се огласи во медиумите.
Славниот рокер пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.
„Бора е во болница, се’ ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме само информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови. Семејството е известено за се’“, изјави Обрадовиќ тогаш.
Соопштение за неговото здравје е објавено и на официјалната фејсбук-страница на групата.
„Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако како и секогаш ќе ја победиме болеста и штом Бора се опорави ќе се видиме на нови собири“, пишува во објавата.