fbpx

Го убиле чичко му кога имал 14 години, лани и самиот ѝ погледнал на смртта в очи

Кога ќе ѝ погледнеш на смртта в очи, дури тогаш сериозно ја сфаќаш вредноста на животот.

Ова на своја кожа го доживеал и познатиот музичар Игор Димовски (37) кој одлучи да си ја отвори душата во покастот „Сец со Цец“.

Македонскиот хармоникаш на 14 години го губи неговиот чичко кој го доживувал како втор татко. Тој му го подарил првиот синтисајзер и бил еден од главните „виновници“ за да почне професионално да се занимава со музика. Трагедијата се случила една недела откако се запишал во средното музичко училиште. Тогаш дознал дека тој бил убиен. Имал само 39 години.

„Чичко ми беше обичен човек, машиновозач. Недоразбирање во ресторан, кавга, грешка..“, вели Димовски за причината поради која му бил одземен животот и открива дека сторителите на ова грозоморно дело веќе се починати.

Тоа се случило во место кое и денес е кафеана и каде што тој често настапува.

Димовски проговори за уште еден немил настан. Точно пред една година доживеал страшна сообраќајна несреќа во Прилепско и шансите да преживее биле само пет отсто.

„Црна темница, изморен од настап, лош свиок.. летнав директно во канал. Вратите сите блокирани, а во истиот момент влегува и вода во превртениот автомобил“, се сеќава тој.

Среќа, го искршил стаклото, некако успеал по пет минути да се извлече.

„Фала му на Бога, ова ми е втор живот“, вели тој.

Следни Објави

Бора Чорба се бори за живот: Повторно се огласи неговиот менаџер

Влошена е здравствената состојба на легендарниот пејач, автор и музичар Бора Ѓорѓевиќ. Фронтмен на легендарниот бенд „Рибља чорба“ е на кислородна поддршка и не може да се изврши никаков оперативен зафат, откри неговиот менаџер Бане Обрадовиќ кој по вторпат се огласи во медиумите. Славниот рокер пред три дена беше задржан […]