fbpx

Магична билка за жени: Еве зошто ова цвеќе е толку посебно

Има едно цвеќе за кое се верува дека ѝ носи среќа на жената која го поседува. Се верува дека токму ова салонско цвеќе е одговорно за женската благосостојба.

Ако ова цвеќе ѝ го подарите на немажена девојка, таа во најскоро време ќе доживее среќа на љубовен план. Ако ѝ го подарите на мажена жена, нејзиното семејство наскоро ќе се прошири.

Неговото височество Спатифилум! Уште од дамнина, жените забележале дека постоењето на оваа билка во домот привлекува убава енергија која резултира со позитивни промени, особено во љубовните односи. Среќата, исто така, доаѓала во домот кај жени кои подолго време се обидувале да забременат.

Жените кои веќе ја искусиле среќата, почнале да им носат коренчиња од ова цвеќе на своите другарки за и тие да ја доживеат магичната моќ на оваа билка.

Дека Спатифилум во голема мера може да влијае врз приватниот живот на една жена сведочат бројните споделени искуства на форумите каде жените зборуваат за „женската среќа“ поврзана со оваа билка.

– Ако сакате ова салонско цвеќе да го промени вашиот живот, искрено треба да го сакате и да се грижите за него. Истото бара редовно полевање, да се прихранува, дури и да се лекува ако тоа е потребно. Ако билката ја почувствува вашата љубов, ќе ви ги открие своите магични својства – напиша една читателка.

Следни Објави

Ме остави преку СМС, ќе се шлогирав кога ја дознав причината

Болно искуство раскажа 52-годишната Британката Мелани во еден популарен поткаст. Имено, сопругот Мартин, со кого била во брак 15 години и со кого има две деца, верувале или не, ја оставил преку СМС-порака. Веќе некое време бракот им висел на стаклени нозе, но таа не ни помислувала дека сопругот ќе […]