Болно искуство раскажа 52-годишната Британката Мелани во еден популарен поткаст. Имено, сопругот Мартин, со кого била во брак 15 години и со кого има две деца, верувале или не, ја оставил преку СМС-порака.
Веќе некое време бракот им висел на стаклени нозе, но таа не ни помислувала дека сопругот ќе ја изневери и дека ќе ја остави на таков брутален начин.
„Се борев да земам здив додека ја читав пораката на мојот телефон. Само кратко напиша: ‘Не те сакам повеќе, си заминувам“. Овие негови зборови ми го скршија срцето, не можев да дишам. Целиот свет ми се распаѓаше. Знам дека имавме проблеми, но не очекував дека ќе дојде до ова“, раскажува таа.
Но, тоа не било најголемиот шок. Дознала дека тој веќе со месеци тајно се гледал со нејзината најдобра пријателка. Си заминал безобразно. Дури им ги испразнил и сметките на децата.
„Не остави без пари. Нашите чеда беа збунети, а јас не знаев што да им кажам. Тоа што ми го направи по 15 години брак е страшно, но тоа што им го направи на сопствените деца е одвратно“, вели таа.
Неколку дена подоцна одлучила да се соочи со него.
„Ми призна дека се задолжил со 50.000 евра, дека не смеел ништо да ми каже и дека мојата пријателка го тешела. Се заљубил и заборавил на проблемите со неа. Бев бесна, му кажував секакви работи, ми се закануваше дека ќе ми ги земе децата, дека ќе морам да му го платам долгот. Беше пекол, иако знаев дека нема основа да ми ги земе децата“, раскажува Мелани.