Тања Кочовска редовно летува во Хрватска.
Познатата македонска актерка и пејачка која е препознатлива по оригиналниот хумор и овојпат ги насмеа нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Таа сподели видео на кое се гледа како скока во морето со салто наназад.
„Царица“, „Најдобра си“, „Сирена наша“, „Се сеќавам дека беше и одличен нуркач“ се дел од комплиментите кои ги доби на „Фејсбук“.
Сепак, имаше и такви кои мислат поинаку.
Се разбира, Тања не им остана должна на таквите, па им реплицира како што само таа знае и умее.