fbpx

Што значи името Сузана и зошто е важно да ја имате

Денеска именден слават оние кои се викаат Сузана, на празникот Света маченичка и девица Сузана. Сузана е женско библијско име (Шошана) и има значење на лотосов цвет. Персијското име е Саусан (Sausan). 

Некои верувања велат дека името Сузана е со еврејско потекло. Значење на името е крин, ружа. Затоа за овие жени се вели дека нежни како цвет. Коренот на зборот означува: радосна, весела, светла. Затоа е убаво да имате некоја блиска личност по име Сузана во животот, велат верувањата.

Сузана е едно од десетте најчести имиња во Македонија според статистиката.

Света Сузана била ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј биле од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана му била предадена на Господ Христос и не сакала воопшто да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера. Лут поради ова, царот нареди џелатите да ги одведат Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј.

Следни Објави

Прилеп тагува, почина Благојче: „Последните години од животот му се предаде на Бога“

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, сподели жална вест на својот фејсбук-профил. По кусо боледување, во Прилеп почина Благојче Хаџи Спиркоски, уметник и хуманист. Имаше само 42 години. „Беше Христов слуга, голем ревнител на православната вера и голем Македонец за својата татковина Македонија. Правдољубив и чесен, секогаш дружељубив и […]