fbpx

Прерано замина: Струмичани се простуваат од Михајлова

Тажна вест споделија од СОУ „Јане Сандански“-Струмица.

Прерано згасна уште еден живот, почина професорката Жаклина Михајлова.

„По повод трагичната смрт на нашата драга и почитувана колешка Жаклина Михајлова, ве известуваме дека Комеморативната седница во нејзина чест ќе се одржи утре, понеделник, 26.08.2024 година со почеток во 09.00 часот, во училишната спортска сала.

Комеморативната седница ќе биде од отворен тип. Сите блиски, пријатели, познаници и колеги на нашата мила колешка кои сакаат да присуствуваат се добредојдени. Нека ѝ е светол патот до вечноста“, пишува во објавата.

Следни Објави

Зет ми почна нагло да слабее: Лекарите мислеа дека е рак, но вистината беше уште пострашна

Џејсон Толсон (30) починал пред една година, а непосредно пред смртта се жалел на болки во мускулите, опаѓање на косата, на болки во зглобовите и брзо губење килограми. Нему му бил дијагностициран Анти-МДА5 дерматомиозитис-автоимуна белодробна болест. Неговото семејство донело одлука да ги исклучи машините што го одржувале во живот. Првпат […]