Кога познатиот инфлуенсер Марко Ковачевиќ се разбудил по ноќно излегување и видел огромен жолт плускавец на раката, во прв момент помислил дека му е изгореница од цигара.
На социјалната мрежа „Тик Ток“ тој сподели неверојатно лично искуство споделувајќи фотографии од неговата рака на која е видлив морничав оток.
Една вечер, откако раскинал со својата девојка, излегол со другарите на сплав на Сава. Кога се разбудил по тоа излегување, на раката затекнал огромен жолт плик, за кој прво мислел дека е изгореница од цигара. Разговарал со пријателот кој му рекол дека не личи на тоа и дека е најдобро да се обрати на лекар.
Набрзо состојбата му се влошила, отокот се раширил и се појавило црвенило, па Марко завршил на хирургија каде му рекле дека најверојатно се работи за каснување од пајак. Примил две инјекции, но состојбата на неговата рака не се подобрила. Два дена потоа отишол на други прегледи.
„По три часа чекање, докторот ми рече дека треба итно да ме задржат во болница. Кога прашав зошто, ми рекоа дека не смеат да ми кажат и дека се сомневаат во најлошото. Дека морам да направам дополнителни тестови, земање крв и слично“, објаснува Марко во видеото.
„По вториот ден, докторот ми рече дека, за среќа, не е најлошото. Тие мислеле дека се работи за убод од редок инсект кој постои во Доминиканската Република и Африка, а кој кога ќе ве касне, неговиот отров постепено ви ги јаде сите мускули и единствениот начин да се спасите е итна ампутација за отровот да не се рашири на другите делови од телото“, објаснува Ковачевиќ.