fbpx

По подолго време се огласи македонската водителка и удри по оваа жена

По подолго време на социјалните мрежи се огласи Искра Мишиќ.

Познатата македонска водителка ѝ се обрати директно на скопската градоначалничка. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

„Не пишувам често, само кога има нешто, според мене значајно и нешто што ги засега сите нормални и добронамерни луѓе. Колку што разбрав останале уште два дена до конечната одлука за идниот Директор на Скопје ЗОО. Затоа ќе се обидам на фин и културен начин да се обратам онаму каде што морам.

Еве вака: Почитувана Градоначалничке на МОЕ СКОПЈЕ. Би сакала да кажам Моја Градоначалничке, ама некако не ми оди. Како и да е, со оглед на тоа што сме во очекување на Вашиот одговор, еве да Ви ја олеснам работата. Ѓорѓи Галетановски, не само што Ви е најдобра опција, туку тој е идеална опција. Во чие време Зоолошката беше гордост на Скопје? Во чие време немаше скандали? Во чие време немаше сомнителни умирања на жителите на Скопје ЗОО? Во чие време имаше најголема посетеност? И најважно во чие време децата не плачеа поради угинатите животни. Како Скопјанка и љубителка на животните имам и тоа какво право да Ви се обратам. И да Ви кажам, бидете среќни што Ѓорѓи решил да ги поправи Вашите грешки. Памет во глава, угинатите животни ќе ги носите на душа“.

Следни Објави

Баба Љубица советува: „Жени, само вака ќе си го сочувате бракот“

Баба Љубица е хит на социјалните мрежи. Со своите видеа редовно ги засмејува оние што ја следат на „Тик Ток“, а ги има повеќе од 43 илјади. Неодамна таа објави видео кое за само три дена собра речиси 40 илјади лајкови и речиси милион прегледи. Во конкретната објава која стана […]