Баба Љубица е хит на социјалните мрежи. Со своите видеа редовно ги засмејува оние што ја следат на „Тик Ток“, а ги има повеќе од 43 илјади.
Неодамна таа објави видео кое за само три дена собра речиси 40 илјади лајкови и речиси милион прегледи. Во конкретната објава која стана вирална, Љубица им дава совет на сите млади девојки.
„Ако разберат, ќе бидат среќни. Ако не, нека прават што сакаат”, го почнува своето видео оваа симпатична баба.
„Кога ќе се омажиш, не може веднаш да се правиш паметен“, вели Љубица и додава дека жената прво треба да молчи и да слуша, односно да се прави луда дека партнерот не го разбира.
„Кога ќе помине малку време и ќе му ги откриеш слабостите, е тогаш ти си таа што кажува како треба да биде. Кога е лут, ти секогаш попушти. Така правам и јас. Кога ќе видам дека е лут, молчам. Е, ама кога тој ќе попушти, тогаш продолжувам”, вели Љубица.
„Е, ова е вистински лајф-коуч“, „Паметна жена“, „О, бабо, би сакал да го знаев ова пред да се омажам“, „Тоа е добра тактика“, „Ова се совети кои злато вредат“, „Паметна, прекрасна и мудра жена“, се дел од бројните коментари од нејзините следбеници кои очигледно се воодушевени од приказните и советите на баба Љубица.