fbpx

Им рекоа дека не можат да имаат деца, сега ја чекаат третата принцеза

Христина Младенов е влијателна Македонка на „Инстаграм“ каде има речиси 25.000 следбеници.

По потекло е од Слепче, Демир Хисар, а последниве скоро две децении живее во Скопје. По професија е дипломиран инженер по биологија, но на пошироката јавност ѝ стана позната откако одлучи да ја раскаже нејзината битка со неплодноста.

Христина и нејзиниот сопруг Петар во меѓувреме конечно се реализираа како родители со асистирано оплодување, а сега од семејството Младенови пристигна уште една преубава вест.

„Во нашиот најголем животен хаос, Господ ни го испрати најголемиот благослов, нашата трета среќа.. Да не’ потсети уште еднаш никогаш да не губиме надеж и секогаш да веруваме дека секоја препрека со љубов и верба се надминува. Пред три години ни кажаа дека не можеме да имаме деца, а на овој убав ден ви кажуваме дека ја очекуваме нашата трета принцеза“, напиша Христина на „Инстаграм“.

Христина и Петар ги имаат двете ќерки близначки Хана и Тара. Некое време пред првиот роденден на девојчињата, Христина со јавноста сподели дека една од ќеркичките се соочува со болест и ќе мора да прима хемотерапија. Подоцна напиша дека се’ поминало во најдобар ред.

„Видете кој си дојде дома денес. Уште една голема и претешка битка победивме, победи хероинава.. мала, а најголема!“, напиша во април годинава таа на социјалните мрежи.

Следни Објави

Времето ти е најголем непријател: Весна Петрушевска проговори за ракот

„Почеток“ ја наслови својата последна објава на социјалните мрежи актерката Весна Петрушевска. Таа сподели емотивно обраќање кое ги збуни, а во исто време и ги загрижи нејзините следбеници. „Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да […]