Влошена е здравствената состојба на естрадниот новинар Зоран Василевски кој моментално се наоѓа на лекување во Истанбул.
На социјалните мрежи се огласи неговиот близок соработник и другар, јутјуберот Стефан Лазаров, кој напиша дека ситуацијата е влошена.
„Овие 3-4 дена се потрошија и повеќе пари во Турција од тоа што очекувавме. Операцијата се’ уште не е направена, бидејќи новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30 cm и метастазирал на коски.. Но, докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен.. Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти“, открива Лазаров.
Василевски, кој пред два месеца почна со хемотерапии и видно ослабна, пред две недели изјави дека е трогнат од масовната поддршка која ја доби од бројни граѓани, откако Лазаров објави апел за донации.