Зоран Мијалков е татко на син со попреченост кој често го искажува својот револт на социјалните мрежи и секогаш гласно се обидува да го сврти вниманието на јавноста, но и на институциите за општествените аномалии.
Тој сега објави трогателен пост кој граѓаните масовно го споделуваат.
„Огромна болка осеќам поради неправдата која мојот помал син Никола ќе ја доживее во понеделник. А, толку е среќен што ќе почне со училиште, а не знае дека во понеделник ќе почнат со училиште неговите соученици, но не и тој“, ја започнува Мијалков својата исповед.
„Никола ќе дојде до училиштето и ќе се врати дома затоа што за него и другите деца со посебни потреби нема да има асистенти. Основното човеково право на мојот син и неговите другари оваа земја ќе им го наруши. Господи Боже прости им ако можеш. Знаеја што прават“, пишува тој на „Фејсбук“.