fbpx

Весна Петрушевска пак се огласи за ракот: Ѝ се обрати на Лила Филиповска

Многу познати личности се огласија за да ѝ дадат поддршка на Весна Петрушевска која пред неколку дена проговори за ракот.

Македонската актерка тогаш напиша дека станува збор за состојба која е патување во кое патуваш сам.

„Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша Весна Бејби на „Инстаграм“.

По ова нејзино емотивно обраќање јавно на објавата ѝ искоментираа пејачката Кристина Арнаудова, алпинистката Илина Арсова, но и водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска која неодамна и самата го победи ракот.

„Само искушение.. Победата во старт е твоја, Не ме прашувај како знам“, ѝ напиша Лила.

„Знам дека знаеш. Те сакам“, ѝ одговори Весна.

Следни Објави

Љубовта секогаш победува: Македонската водителка конечно ужива во животот

Порасна без родители, пред три години проговори за болеста, а сега конечно е среќна Македонска новинарка и водителка Цветанка Николова ужива во убавините на Турција со нејзиното момче кое очигледно е и нејзина најголема поддршка. Двојката е на годишен одмор во Анталија, а фотографиите кои популарната Цеце ги сподели на […]