fbpx

Љубовта секогаш победува: Македонската водителка конечно ужива во животот

Порасна без родители, пред три години проговори за болеста, а сега конечно е среќна

Македонска новинарка и водителка Цветанка Николова ужива во убавините на Турција со нејзиното момче кое очигледно е и нејзина најголема поддршка.

Двојката е на годишен одмор во Анталија, а фотографиите кои популарната Цеце ги сподели на „Инстаграм“ доволно зборуваат за нивната љубов.

Николова која стана заштитно лице на телевизијата Канал 5 има тешка животна приказна. После сите неубави работи со кои се соочи од најмала возраст, сега конечно заслужено ужива во животот.

Пред три години Цеце ја симна периката и призна дека откако знае за себе живее со алопеција.

Таа порасна во СОС „Детско село“.

„Сè што ми се случило, на крајот е за добро. Мајка Наташа од „Детско село” е мојата мајка, без разлика што моите родители се живи, секогаш ја споменувам неа. Таа е во тек со сè што ми се случува. Таа ми е голема поддршка во сè што правам. Постојано одам во „Детско село” и секогаш сакам да ги запознавам новите деца што доаѓаат во куќата каде што јас пораснав“, раскажа Николова во една прилика.

Следни Објави

Првата се самоуби, третата го однесе во друга земја: Сите жени на легендарниот Бора Чорба

На 71-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на легендарниот бенд „Рибља чорба“. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. По неколку дена, поради влошување на состојбата, беше ставен на респиратор. Тажната вест ја соопштија членовите на бендот. „Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ […]

Можеби ќе ве интересира