fbpx

Синот се пресели на планина, Тамара ја сакаше како свое чедо: Кои се децата на Бора Чорба?

Постојат работи за кои жалам, а едната од нив е што немам повеќе деца, изјави славниот рокер во една прилика

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на легендарниот бенд „Рибља чорба“, последните години од својот живот ги помина во Словенија кадешто и почина на 71-годишна возраст. Бора Чорба се пресели во друга земја поради сопругата Дубравка за која често изјавуваше дека му е најголема поддршка.

Иако имаше турбулентен љубовен живот, приватноста вешто ја криеше од јавноста.

Легендарниот автор, пејач и музичар трипати се женеше. Првпат застана пред олтар со Драгана Ѓорѓевиќ која трагично го загуби животот. Го добија синот Борис за кој Чорба во едно интерву за „Хелоу“ откри дека живее далеку од градскиот метеж.

„Мојот син одгледува жалфија и други лековити билки на падините на Сувобор, избега од оваа џунгла и се чувствува многу добро на планина. Секогаш кога имам време одам таму, а Борис уште ми се доверува и ми се обраќа со „чала“, „брат“. Мислам дека тоа доволно кажува колку сме блиски“, откри во таа прилика.

Тој како своја ја прифати и ќерката на Драгана од претходниот брак. За неа се знае дека предава на училиште и дека пред неколку години се реализирала и како мајка.

Следни Објави

Конечно се огласи и Здравко Чолиќ: Се прости од Бора Чорба и откри голема тајна

Не стивнуваат реакциите во целиот регион по смртта на легендарниот српски пејач, музичар и автор Бора Ѓорѓевиќ. Фронтменот на „Рибља чорба“ почина на 71-годишна возраст, а познати личности од сите поранешни ју-републики денеска постојано пишуваат посвети за славниот Бора Чорба. Сега се огласи и Здравко Чолиќ кој откри и голема […]