Поранешната водителка Миа Костова предизвика голем интерес на социјалните мрежи со нејзината последна објава.
Овојпат во прашање е школството кај нас и условите на кои децата треба да се прилагодат откако во понеделникот почна новата учебна година.
Македонската инфлуенсерка отворено и без заддршка си кажа тоа што ѝ тежи на душа.
„Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 – неклиматизиран простор. Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа. Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома, па ќе се договараме за пропуштен материјал“, разочарано напиша Костова на „Фејсбук“.