fbpx

Првата се самоуби, третата го однесе во друга земја: Сите жени на легендарниот Бора Чорба

На 71-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на легендарниот бенд „Рибља чорба“. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. По неколку дена, поради влошување на состојбата, беше ставен на респиратор.

Тажната вест ја соопштија членовите на бендот. „Почитувани пријатели, со тага и жалост ве известуваме дека нѐ напушти нашиот пријател и брат, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир наш драг Боки“, пишува во соопштението на групата.

Славниот рокер трипати застана пред олтар. Беше во брак со Драгана Ѓорѓевиќ со која го има синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак. Борислав и Драгана се разведоа спогодбено во февруари 2007 година. Еден месец подоцна таа почина, а тамошните медиуми пишуваа дека станува збор за самоубиство.

Драгана беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата Београдска, како причина за смртта беше наведено предозирање со антидепресиви, поради што полицијата дојде до заклучок дека посегнала по сопствениот живот. Боро Чорба никогаш не се согласи со ова.

Се шпекулираше дека Драгана не можела да го преболи разводот и аферата на Чорба со 28 години помладата Александра со која пејачот се ожени во 2009 година. По четири години заврши и овој брак.

Третпат се скраси покрај Дубравка Милатовиќ поради која привремено се пресели во Словенија. Бора во едно интервју изјави дека таа е неговата последна, но најголема љубов.

Следни Објави

Тоа што го доживеа во Острог го прогонуваше: Бора Чорба долго молчеше за ова

Познатиот музичар отворено зборуваше за работите кои ги доживеал и почувствувал Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина во приватна болница во Љубљана каде беше хоспитализиран со тешка пневмонија. Обожавателите, дури и оние кои не го сакаа како музичар, ќе го паметат по неговите фантастични текстови, но и по […]