fbpx

Конечно се огласи и Здравко Чолиќ: Се прости од Бора Чорба и откри голема тајна

Не стивнуваат реакциите во целиот регион по смртта на легендарниот српски пејач, музичар и автор Бора Ѓорѓевиќ.

Фронтменот на „Рибља чорба“ почина на 71-годишна возраст, а познати личности од сите поранешни ју-републики денеска постојано пишуваат посвети за славниот Бора Чорба.

Сега се огласи и Здравко Чолиќ кој откри и голема тајна поврзана со нив двајца.

„Бора. Нашиот добар Бора. Голем уметник кој замина прерано. Работевме и се дружевме над 45 години. Првата песна што ја направи за мене беше „Продужи даље“ и се сеќавам дека тоа беше всушност првата песна што ја направи за некој друг, а да не е за неговиот бенд. Што да се каже за неговите текстови, за неговите песни. Уметнички дела. Уметнички дела кои секогаш ќе не’ потсетуваат на големиот Бора. Ти благодарам за сè! Секогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша Чолиќ на „Инстаграм“.

Пејачот сподели и нивна заедничка фотографија од младоста на која се прегрнати и насмеани.

Следни Објави

Миа планира да го повлече синот од школо: „Не дека е свилен, ама дали сте нормални?“

Поранешната водителка Миа Костова предизвика голем интерес на социјалните мрежи со нејзината последна објава. Овојпат во прашање е школството кај нас и условите на кои децата треба да се прилагодат откако во понеделникот почна новата учебна година. Македонската инфлуенсерка отворено и без заддршка си кажа тоа што ѝ тежи на […]