fbpx

Зоки Фаци се врати од Турција: Нема потреба повеќе да се чека

Со најнови вести за здравствената состојба на естрадниот новинар Зоран Василевски денеска повторно се огласи неговиот близок соработник и другар, јутјуберот Стефан Лазаров.

Вели дека изминативе неколку дена биле турбулентни за популарниот Зоки Фаци.

„Зоки вчера се врати од Турција, таму се направија целосни испитувања кои чинеа за 3 дена околу 6000-7000 евра и истите покажаа дека туморот е над 30 cm и имал метастази во почетна фаза. Таму му беше предложено дека треба повторно да оди на хемотерапии па тек за месец, два да биде опериран. Но, Зоки се слушна со доктор и од една македонска приватна болница и одлучено е дека тука ќе го оперираат и нема потреба повеќе да се чека.

Само што ми се јави Зоки и ми кажа дека има надеж многу и дека му е кажано дека ќе биде се океј. Значи операцијата би требало да се случи следнава недела, а кога ќе имаме нови информации ќе ве известам”, напиша тој.

Следни Објави

Во Скопје почина дете (15), се споделува фотографија

Самоубиство или несреќен случај инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи Тинејџер синоќа почина во центарот на Скопје, дознава порталот „24инфо“. Малолетникот на возраст од 15 години паднал од катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа спроти ГТЦ. Додека екипи на полицијата вршат увид, на „Снепчет“ се споделува фотографија што момчето […]