fbpx

Мојот спасител, Огнен: Потресна исповед на Весна Петрушевска за ракот на дојка

Весна Петрушевска има рак на дојка. Актерката во видео обраќање на „Инстаграм“ конечно откри детали за канцерот за кој првпат проговори пред една недела кога навистина ги загрижи нејзините следбеници.

Болеста ѝ ја дијагностицирале во средината на април годинава. Типично за неа која во животот извојува многу животни битки популарната Весна Бејби продолжила со обврските како ништо да не се случува. Во меѓувреме настапи со 30 деца на ‘Глумците пеат’, беше во Битола…

„Прво сум борец, второ, не сакам да кукам, трето, мразам патетика и четврто, а можеби најважно од сè е што не сакам никој да ме сожалува“, раскажува актерката.

Открива дека имала две операции. Минатата година кога доктор Огнен ѝ ја извадил жолчката, се подложила на систематски преглед каде што на десната града ѝ забележале „една фиброза којашто треба да се следи“.

„И таа јас ја следев одвреме-навреме, но реално колку тоа и да звучи смешно и парадоксално и многу апсурдно, но како што спиев, едно од кучињата ми скокна баш на десната града и толку ме заболе што другиот ден му се јавив на мојот добар другар, мојот спасител Огнен…“, раскажува Петрушевска.

Ѝ била направена мастектомија на десната страна, во приватна болница.

„Имам 30 сантиметри рез, кој ве инвалидизира, ви ја одзема женственоста, белег и лузна која ве потсеќа на животот којшто треба да го живеете“, вели Петрушевска.

Нејзиното видео обраќање погледнете го во продолжение.

„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша Петрушевска пред една недела.

Следни Објави

Во среда е Св. Јован Крстител: Строг пост, еве што треба да јадете

Секоја година на 11 септември се одбележува празникот посветен на погубувањето на Св. Јован Крстител. Во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен.. Поради значењето на овој светец, црквата овој ден го прогласила за строг пост. Иако Свети Јован е погубен […]