Трифун Костовски сака да споделува фотографии од својата фамилија на социјалните мрежи.
Бизнисменот и поранешен скопски градоначалник досега редовно објавуваше за убавите настани во животот на неговите три деца, а сега првпат пред пошироката јавност ги покажа и своите внуци.
„Јас со мојата внука Неда и внукот Петар. Среќа до небо. Ден кој што никогаш нема да го заборавам“, напиша Костовски на „Фејсбук“.
Фотографијата доби илјада лајкови, а особен впечаток на сите им остави внуката која изгледа како топ-модел.
„Нема помило од внуци, радоста на баба и дедо“ е само еден од многуте коментари под објавата.