fbpx

Беше маестрална глумица: Почина Снежана Стамеска

На 78-годишна возраст почина легендарната македонска актерка Снежана Стамеска.

Тажната вест ја потврдија од Драмски тетар-Скопје, нејзината долгогодишна матична куќа.

Стамеска беше препознатлива по неверојатната трансформативна моќ. Подеднакво беше маестрална и на театарската сцена и на големото платно. Одигра и многу впечатливи ТВ-улоги.

Беше актерка со специфична креативност, професионалност и автентичност, која се препознава по нејзината оригиналност и посветеност на театарот до максимум.

Стамеска дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш се вработила во Драмски театар во Скопје.

Следни Објави

Локално невреме: Бидете претпазливи, еве што нè очекува денес и утре

Првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, […]