fbpx

Не штедеше пари: Се ожени македонскиот пејач, невестата ги воодушеви сите

Македонскиот пејач „рипна во тавче

Мите Стоилков, поранешниот победник во региналното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ и финалист од „Ѕвездите на Гранд“ направи свадба за паметење со неговата избраничка Марија Минова.

„Македонскиот пејач ги испочитува сите адети. Со трубачи замина по невестата, беше весело и незаборавно. Мите не штедеше пари кога се во прашање музичарите“, ни откри еден од сватовите.

Особено емотивен момент бил првиот танц. Двојката ја одбрала нумерата „Буди будна“ на Марко Толја.

Марија која ја одбра медицината за своја животна определба блесна во класична венчаница.

Мите Стоилков неодамна стана дел од „Џеј трибјут бенд“, групата основана во чест на легендарниот Џеј Рамадановски. Членови на бендот се и помладата ќерка на Џеј, Марија Рамадановски, како и најдобриот пријател на легендарниот српски пејач, Зоран Јагодиќ Руле.

Следни Објави

Синот на Тијана донесе неочекувана одлука: Нашата пејачка вели дека се гордее

Синот на познатата македонска пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ тргна по нејзините стапки. Гордата мајка за „Гранд“ изјави дека Вук веќе станал музички професионалец. Нејзиното единствено чедо уште пред неколку години одлучил дека музиката ќе биде неговата животна определба, а Тијана нагласува дека твори во жанр многу поразличен од нејзиниот. […]