fbpx

Синот на Тијана донесе неочекувана одлука: Нашата пејачка вели дека се гордее

Синот на познатата македонска пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ тргна по нејзините стапки.

Гордата мајка за „Гранд“ изјави дека Вук веќе станал музички професионалец.

Нејзиното единствено чедо уште пред неколку години одлучил дека музиката ќе биде неговата животна определба, а Тијана нагласува дека твори во жанр многу поразличен од нејзиниот.

„Се интересира за музика, што ми е особено мило. Се занимава со продукција и тоа ми е мене од клучно значење што знае што сака и со што сака да се занимава. Има свој профил на „Спотифај“ каде ја презентира својата музика и има свои обожаватели, над милион слушатели“, вели Дапчевиќ.

Пејачката вели дека особено ја радува фактот што нејзиниот наследник, иако млад, постигнал забележителни резултати во музичката индустрија.

„Сега оди на некој настан, а бидејќи е малолетен, и мама и тато одат со него во Амстердам, на фестивал за фанк музика, а во тие кругови е исклучително популарен. Јас сум горда мајка“, вели таа.

Следни Објави

Беше полна со живот и надеж: Струмичани се простуваат од Ташева

Почина Елеонора Зуцовиќ Ташева од Струмица, жената за која на социјалните мрежи се собираа средства за нејзино лекување во Турција. Нона, како што ја нарекуваа блиските, имаше рак на желудник во напредна фаза. Струмичани ја опишуваат како голем хуманист и борец за природата. „Беше личност полна со живот и надеж […]