Победникот на шоуто „Никогаш не е доцна“, Сашо Башески, покажа дека е човек со големо срце.
Македонскиот пејач запеа на хуманитарен концерт во Прилеп, а овој настан кој собра многубројна публика имаше за цел да соберат средства за децата со попреченост.
Покрај Сашо, на сцената се појавија и Вито Салвевски и Билјана Зероска, исто така учесници во „Никогаш не е доцна“.
Концертот беше исполнет со музика, емоции, а целиот приход беше дониран во дневен центар за деца со попреченост. Вечерта беше успешна и инспиративна и дефинитивно овој настан покажа колку музиката и заедницата можат да бидат моќни во создавањето позитивни промени, пишува „Гранд онлајн“.
Поранешните учесници на шоуто „Никогаш не е доцна“, Сашо Башески, Вито Салвевски и Билјана Зероска уште еднаш докажаа дека не се само талентирани уметници, туку и големи хуманитарци.