fbpx

Зафатот е доста ризичен: Најнови детали за здравјето на Зоки Фаци

Во среда на 18 септември естрадниот новинар Зоран Василевски конечно ќе се оперира во една од приватните скопски болници.

Неговиот близок соработник и другар, јутјуберот Стефан Лазаров, денеска повторно се огласи на социјалните мрежи.

„Можам да ве израдувам дека конечно Зоки ќе оди на операција! За жал, му е кажано дека го очекува доста ризична операција која ќе трае неколку часа. Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава“, напиша Лазаров.

Пред една недела Василевски се врати од Турција каде правеше низа испитувања кои, како што откри Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра. Истите покажале дека туморот е над 30 cm и дека има метастази во почетна фаза.

Популарниот Зоки Фаци кој пред два месеца почна со хемотерапии и видно ослабна, неодамна изјави дека е трогнат од масовната поддршка која ја доби од македонските граѓани откако Лазаров објави апел за донации.

Следни Објави

Денеска е важен празник! Жени, еве што треба да направите

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица. Жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица и ја молат за милост. Велат дека со молитвата жените кои не […]