Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка на почетокот на годинава открија дека се во врска.
Екс сопругот на пејачката Тамара Тодевска и неговата нова избраничка тогаш објавија неколку заеднички фотографии, а сега атрактивната русокоса се пофали на социјалните мрежи дека е бремена.
„Ти си се’ што отсекогаш посакував. 118 дена заедно“, напиша таа на „Инстаграм“.
Згодната спортистка која е 11 години помлада од Мачка не објави други детали за бременоста, ниту пак во објавата откри кој е таткото.