fbpx

Сега му фрли око на друг маж кој чека дете: Исповед на Македонката која две години е со оженет

Моника Стар, како што се претставува на социјалните мрежи Македонката Моника Станојкова, веќе направи галама во регионалното реално шоу „Елита“ откако влезе во Белата куќа.

Откако го привлече вниманието на јавноста откривајќи дека две години е во врска со оженет маж и дека сопругата знае за неговата паралелна врска, таа сега му фрли око и на друг оженет маж кој очекува принова.

На изборите за мис и мистер „Елита“ призна дека ѝ се допаѓа Борислав Терзиќ Терза.

„Ми се допаѓа, искрено ми е физички сладок. Ми се допаѓа од минатата сезона, има одредена харизма. Не реков дека ќе бидам со него, само ми е симпатичен“, изјави Станојкова во шоуто.

Српските медиуми веднаш побараа коментар од бремената Милица Величковиќ, свршеницата на Терза. Таа вели дека постојано ги следи случувањата во Белата куќа, но и дека му верува на свршеникот кој, како што објаснува, влегол во новата сезона на „Елита“ за солиден хонорар со кој сака да обезбеди добар живот за нив и за бебето.

Следни Објави

На почетокот на годината откри дека го љуби Мачка, а сега објави дека е бремена

Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка на почетокот на годинава открија дека се во врска. Екс сопругот на пејачката Тамара Тодевска и неговата нова избраничка тогаш објавија неколку заеднички фотографии, а сега атрактивната русокоса се пофали на социјалните мрежи дека е бремена. „Ти си се’ што отсекогаш посакував. 118 […]