fbpx

По Карлеуша се огласи и Тошиќ за спогодбениот развод: Оваа ставка му била особено важна

По 16 години брак спогодбено се разведоа Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Прва на „Инстаграм“ се огласи пејачката објавувајќи и фотографија на која се таа, нејзиниот адвокат и овластениот адвокат на нејзиниот досегашен сопруг.

Во нејзиното обраќање Карлеуша нагласи дека сиот заеднички имот стекнат во брак ќе се води на нивните две ќерки Атина и Ника, а тоа сега го потврди и Тошиќ. Неговиот допис ви го пренесуваме интегрално.

„Почитувани медиуми и пријатели,

По 16 години брак се разведов спогодбено се разведов од мајката на моите деца Јелена. Спогодбата е составена заемно и на задоволство на сите, а најмногу се однесуваше на иднината на нашите деца, што нам ни е најважно.

Се договоривме целиот наш заеднички недвижен имот да им припадне на нашите ќерки Ники и Атина. Исто така, секоја моја обврска како татко и машка фигура се подразбира. За мене најважна ставка беше да можам да поминувам време со нашите деца кога ќе посакам и кога и да имам можност.

НА ИСТАТА ТЕМА: Првиот брак ѝ траеше шест месеци, тој што најмногу го сакаше го убија: Сите мажи на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Што се однесува до односот помеѓу мене и Јелена, нормално е кога ќе се случи развод да има гнев и искри, но се надевам дека и тоа еден ден ќе престане. Мислам дека Јелена е добра мајка и добар пријател и би сакал да останеме пријатели и да имаме добар однос заради нашите деца. На Јелена ѝ посакувам сè најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на моите деца како и за моите деца. Сите грди работи треба да се останат зад нас и само нашите деца да бидат центарот на нашиот свет како што се.

Голем поздрав, Душко.“

Следни Објави

Три знаци есенва ги очекува огромна среќа: Проветете дали сте меѓу нив

Радикални промени и нови искуства кои ќе им го збогатат животот, среќа и успех на бројни полиња од животот.. Сето ова астролозите им го предвидуваат за оваа есен на припадниците на три хороскопски знаци, проверете дали сте на списокот. Скорпија Скорпиите веројатно не се свесни колку ѕвездите им се поволни […]