Јелена Карлеуша денеска на својот профил на „Инстаграм“ објави дека по 16 години брак потпишала спогодбен развод со Душко Тошиќ.
Српската пејачка објави и фотографија на која се таа, нејзиниот адвокат и овластениот адвокат на нејзиниот досегашен сопруг кој не дошол, а, како што пишува, не ни прашала зошто.
Сиот заеднички имот стекнат во брак ќе се води на нивните две ќерки Атина и Ника.
„Старател на нашите деца сум јас. „Другата страна“ немаше никаков предлог“, ја почнува својата исповед Карлеуша.
„Иако некои велат дека поради децата поранешните сопружници треба да бидат во коректни односи, јас не сакам повеќе никаква поврзаност, ниту контакт со претходниот период од животот, освен ако не е прашање на живот или смрт. Во тој случај веројатно и ќе загинам. Секој може да направи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не секој може да биде маж. Маж е оној кој стои покрај жената онака како што на потпишувањето на брачниот договор кажал „и во добро и во зло“. А, мене животот за жал или за среќа ме награди со сила за низ сите проблеми, падови, море од солзи и лоши луѓе во изминатите години да одам сама. Знам. Тешко е да се стои покрај мене, тешко е да се чекори покрај мене. Изгледа страшна сум. За мене често велат дека сум луда и веројатно се во право. Затоа отсега до мене може да стои само некој луд како мене. Не прифаќам ништо помалку. Да знае лудо да ме сака како што знам јас, дури и кога цел свет ме мрази. Немам повеќе што да додадам. Одиме понатаму“, напиша пејачката.
НА ИСТАТА ТЕМА: Првиот брак ѝ траеше шест месеци, тој што најмногу го сакаше го убија: Сите мажи на Јелена Карлеуша (ФОТО)
Долго се шпекулираше за разводот на Јелена и Душко, иако тие се обидуваа што помалку да зборуваат на оваа тема. Работите ескалираа пред три месеци кога Карлеуша пријави во полиција дека била нападната од Тошиќ кој наводно бил под дејство на алкохол.