fbpx

Македонскиот пејач на луксузна јахта: Лани се ожени, а сега девојките „збеснаа“ по него

Ален Хасановиќ, македонскиот музичар кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, знае како да ужива во животот.

Познатиот пејач често споделува фотографии од патувања на социјалните мрежи, а сега се пофали дека неодамна си приуштил луксузен одмор во Дубаи.

Тој на „Инстаграм“ сподели повеќе фотографии и видеа од прекрасна јахта на која очигледно сака да го поминува времето во оваа атрактивна туристичка дестинација.

Очигледно е дека внимава на изгледот и се грижи за своето тело, па неговите обожавателки не штедат пофални зборови во коментарите под објавите.

Хасановиќ ретко зборува за приватниот живот.

Минатата година направи гламурозна свадбена веселба со неговата избраничка Аида Чако.

Следни Објави

Нашиот Цеки емотивен во „Никогаш не е доцна“: Шест децении чекаше на овој момент

Зоран Рудан Цеки, 57-годишниот македонски пејач и музичар најпознат по нумерата „Чекам да заврне“, одлучи да си ја проба среќата во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. „Гранд онлајн“ пишува дека не е воопшто чудно што нашиот Цеки покажал исклучителен талент интерпретирајќи евергрин од Оливер Драгојевиќ ако се земе […]