Македонија остана без свој натпреварувач во регионалното реално шоу „Елита“ откако контроверзната Моника Станојкова синоќа беше исфрлена од Белата куќа.
Таа доби најмалку гласови, а на пат кон дома откри голема афера во студиото на „Пинк“.
„Анели и Матеја се муваат“, изјави таа кога водителката ја праша дали има напнати ситуации во куќата.
Станојкова која на социјалните мрежи има илјадници следбеници и е позната под уметничкото име Моника Стар кажа и дека не е разочарана што е исфрлена.
„Не се снајдов. Секако сакав да си одам дома“, нагласи таа.
Кога пред само една недела ја претставуваа во шоуто призна дека две години е во врска со оженет маж кој има две деца.
„Повеќе сакам кога е кај мене дома, но мора малку да биде и со неговите“, изјави тогаш таа.