Зоран Рудан Цеки, 57-годишниот македонски пејач и музичар најпознат по нумерата „Чекам да заврне“, одлучи да си ја проба среќата во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
„Гранд онлајн“ пишува дека не е воопшто чудно што нашиот Цеки покажал исклучителен талент интерпретирајќи евергрин од Оливер Драгојевиќ ако се земе в предвид дека љубов кон музиката гаи уште од градинка, кога за прв пат зел во раце хармоника.
„Се’ уште сум на југословенската фреквенција. Откако Југославија се распадна, тој дух остана со мене, заробен во мене“, изјави тој во првата епизода од новата сезона на шоуто присетувајќи се на раните почетоци од неговата кариера.
„Имав бенд кој се викаше „Рок систем“. Имав два паралелни света, ги сакав „Бијело дугме“ и „Шарло Акробата“, а они се неспоиви. Работев некое време во пошта и тоа не беше за мене, не можев долго да издржам. Музиката секогаш беше тука за мене. Моите деца пораснаа и се иселија, сега сме тука само јас и сопругата“, раскажа Цеки.
Голема поддршка за време на претставувањето на сцената на „Гранд“ доби од неговиот колега Стевче кој Жика Јакшиќ со гордост го претстави.
„Стевче и нашиот Зоран имаат бенд „Бело копче“, трибјут состав за „Бијело дугме“. Се облекуваат и пеат исто како нив. Стевче е гитарист, Бреговиќ, а Зоран е и Тифа и Бебек. Зоране, ако се пласираш во вториот круг, донеси ја целата постава овде во емисија“, му порача водителот.