Благоја Грујовски синоќа во еден скопски бар го промовираше спотот за нумерата „Мој пријателе“ која ја сними во дует со Гоце Пејковски.
Видеозаписот е дело на ИнТВ продукција и е снимен на повеќе локации во Охрид.
Промоцијата се совпадна со родеденот на Грујовски кој наполни 62 години.
Популарниот Баже за време на короната евај се спаси, животот му висеше на конец, а сега за порталот „ММС“ изјави дека тоа премрежје уште еднаш му потврдило дека треба и понатаму да продолжи да живее со позитивна мисла.
„Не ми се смени начинот на размислување, не многу. Јас сум истиот каков што сум бил порано. На тоа не ни сакам да се сеќавам. Како да не било. Тоа е една епизода од мојот живот, бев на работ, меѓу животот и смртта, и на тоа сега, после три години, гледам како да не се случило. Како некој друг да ми го раскажувал. Не се врзувам за негативни моменти“, вели тој.