Криеше дека е бремена, брат ѝ ја „издаде“: Нова среќа во домот на македонската актерка

Македонската актерка Јелена Јованова (39) стана мајка по вторпат.

Ѕвездата од серијата „Преспав“ роди уште еден син, а радосната вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот брат.

„Нека ни е живо и здраво, станав вујко по вторпат. Честито Јелена“, напиша тој на „Фејсбук“.

На „Инстаграм“, пак, првата честитка ја доби од пријателка која откри дека Јаков (4) добил братче.

Јованова во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кого се запознаа на заедничкото снимање на серијата „Тајни“.

Нивната венчавка без многу помпа се случи во Загреб.

Следни Објави

Наташа ја нема две недели: Ја оставила ќерката, се огласи и татко ѝ од Охрид

Веќе две недели нема ниту трага, ниту глас од Наташа Совраноски, 25-годишна Македонка со германска адреса на живеење. Со партнерот и нивната едногодишна ќерка престојувала во Штутгарт пред да се случи немилиот настан. Веста за нејзиното исчезнување на социјалните групи посветени на дијаспората прв ја објави таткото на нејзиното дете, […]