За познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска нема утеха.
Нејзината ќерка, нејзиното единствено чедо, познатата академска сликарка Андријана Мациев, во мај 2022 година ја загуби битката со ракот. Имаше само 41 година.
Јулија вчера на роденденот на Андријана со трогателна посвета се огласи на социјалните мрежи. Нејзината песна ви ја пренесуваме во целост.
Љубов моја, Ангел мој Ан
Ти тука си знам
Секоја мисла,секоја солза моја,
Те допре мајкино, најмило мое.
Прости, што мaјка ти се уште учи,
Да биде тоа, што сакаш ти,
Ја барам твојата рака,
Нежна, мека, а јака.
Мислев цел живот ќе ја држам.
Ке чекорам со крената глава.
За мајката, тоа е најголема слава.
Ан, живогот во бои да го слика
Женски приказни, на платно да реди,
Шарени вибрации, да се множат,
Оти велеше, животот убав е,
Разбуди се,погледни во сонцего
И насмевни се.
НА ИСТАТА ТЕМА: По смртта на ќерка си, Јулија живее за внуката: За нашиот ангел небесен (ФОТО)
Твоето главче и косичка мека,
Сакам на рамо да ги почувствyвам мила
Образот твој, ко најмека свила.
А очите твои, ко длабока зелена вода
Поглед бистар и чист,
А душата твоја, нежна ко лист.
Секој можеше да ти се довери тебе,
И да ти каже се,
А ти, никогаш не знаеше да кажеш не.
Мајка пак ти се доверува тебе,
А ти веднаш гласник ми праќаш,
Утеха од Небо носи,
Болка да не ме покоси.
АН, жива е, мајко стани
Со радост подготви се,
Уште еден роденден ќе се слави.
Денот кога Анѓел на свет, Ти роди
Бог така те благослови.
Од најголема болка, ти да се кренеш.
Да сведочиш за животот,
Што без престан тече,
Да прифатиш се- Бог како ќе рече.
И на денот кога, твојата Андријана,
Ангел на Земјата стана,
Подсети ѓи сите,
На Земниот живот, броени се дните.
Затоа да шириме ЉУБОВ ЗА СИТЕ.
Зашто еден ден кога срцето
Ќе престане да чука,
Душата, штом во Небеса се вивне,
И на хоризонтот ја слушаш како дише,
Знаеш, дека постои само живот
Во бескрај што тече,
Знаеш дека утре, ќе осамне нов ден,
И ќе се слави нечиј роденден,
И така се до недоглед,
Ноќ-ден, ноќ-ден…ноќ-ден…
Нека биде РАДОСЕН
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРИЈАНА!!!
Посветено со Љубов до бескрај,
За мојот Жив Анѓел Небесен Андријана
Мојата АН
Нејзината мајка Јулија
ЈУЛИЛИЈ-АН-А