fbpx

Наташа ја нема две недели: Ја оставила ќерката, се огласи и татко ѝ од Охрид

Веќе две недели нема ниту трага, ниту глас од Наташа Совраноски, 25-годишна Македонка со германска адреса на живеење. Со партнерот и нивната едногодишна ќерка престојувала во Штутгарт пред да се случи немилиот настан.

Веста за нејзиното исчезнување на социјалните групи посветени на дијаспората прв ја објави таткото на нејзиното дете, инаку Германец.

Тој за „Фокус“ раскажа дека не е сигурен дали Наташа се наоѓа во Македонија.

Таткото на Наташа, пак, Милчо Совраноски, кој живее во Охрид, исто така за ,,Фокус” изјави дека смета како целата работа со објавата на апелот е избрзана. Според него, таа најверојатно заминала по своја воља, бидејќи имала проблеми со партнерот.

Како што раскажа таткото, Наташа била вработена како обезбедување, била зрела личност, и според него, самата заминала некаде без да каже, со намера да се среди, па потоа да си ја земе и ќерката.

„Имаше несогласувања со партнерот кој не е вработен, само таа работеше, и мислам дека поради тие несогласувања си заминала. И во минатото кога одела на пример на одмор, се случувало да не ни јави, возрасна е, за нас тоа не е ништо чудно. Тоа што ја оставила ќерката со татко ѝ, може да значи дека заминала некаде да се среди, па потоа сигурно ќе дојде по детето“, изјави Совраноски за „Фокус“.

Семејството Совраноски во 2001 година се преселило во Италија, а потоа заминало во Германија. Во меѓувреме, родителите на Наташа се развеле, а мајка ѝ останала да живее во странство.

Следни Објави

Ја барам твојата рака, мислев цел живот ќе ја држам: Македонската водителка со потресна објава

За познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска нема утеха. Нејзината ќерка, нејзиното единствено чедо, познатата академска сликарка Андријана Мациев, во мај 2022 година ја загуби битката со ракот. Имаше само 41 година. Јулија вчера на роденденот на Андријана со трогателна посвета се огласи на социјалните мрежи. Нејзината […]