Менсура Салкиќ изврши самоубиство, потврди полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузлаво, Босна и Херцеговина.
Пејачката се прослави во телевизиското шоу „Звијезда можеш бити ти“ и потекнува од познато музичко семејство.
Голема популарност во БиХ ужива и нејзиниот брат, пејачот Менсур Салкиќ кој побара приватност во овие исклучително тешки мигови.
Со трогателна посвета од Менсура се прости и пејачката Мерима Џафиќ.
„Зошто, драга моја? Зошто не ми напиша дека ти е тешко, зошто роднино моја мила? Не бевме толку блиски, но , зарем немаше друг излез? На 15 септември ми прати порака како се’ да е во ред, зарем не можеше да биде поинаку, да не кренеш рака на себе? Најубавите очи се затворија, јас сум скршена“, напиша таа.
Од кантоналната полиција за Klix.ba велат дека нивните службеници во Лукавац синоќа околу 21:45 часот добиле пријава дека се самоубилa М.С., роденa 1986 година од Лукавац.
„По пријавата постапиле полициски службеници на ПС Лукавац, кои ги потврдиле наводите од пријавата, за што е известен и дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Тузла“, соопштија од полициската управа на МУП на Т.К.