Популарниот телевизиски и радиоводител Ване Маркоски пред неколку години ја изненади публиката кога проговори за одлуките кои му го промениле животот и за анксиозноста со која со години се борел.
Тој во едно интервју раскажа дека неколку месеци се обвинувал за се’, се плашел да се соочи со себеси.
„Го допрев дното, решив да видам што има таму и да почнам да се кревам“, изјави тогаш тој.
Својот досегашен живот го дели на пред и по 2017-та година.
„Поради приоритет на се’ што се случува надвор околу мене, ја запоставив душата. Со години сум ја труел со разни глупости, за да на крај завршам во болница, еден месец, но доволно да го поставам прашањето: Дали јас знам што имам во себе и дали ова е веќе сигнал дека не правам нешто како што треба? Трагајќи по одговори, почнав да се повлекувам од луѓе“, раскажа Маркоски.

