fbpx

Бог му даде втор живот: Македонскиот пејач за страшната операција

Драган Величковски Тајзи со години е познато име на македонската естрадна сцена.

Тој во декември ќе наполни 37 години, а во една прилика на фановите им откри дека го живее вториот живот.

Во тинејџерските денови се соочил со тежок животен предизвик кога на 18 години имал страшна операција.

„Бев на работ да го изгубам мојот живот. Во тие моменти се молев на Бога да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса. После таа операција ништо не беше исто, а јас почнав да пеам и да пишувам.. Не знам уште колку ќе сум тука, но додека моето срце чука ќе трае мојата борба за подобро утре, а после тоа ќе останат моите текстови. Должен сум да ви се обратам и да ви ја кажам вистината. Тоа е мојата мисија“, напиша македонскиот автор и музичар пред неколку години на социјалните мрежи.

Следни Објави

Го допрел дното, сфатил дека нема втора шанса: Денес живее со полни гради

Популарниот телевизиски и радиоводител Ване Маркоски пред неколку години ја изненади публиката кога проговори за одлуките кои му го промениле животот и за анксиозноста со која со години се борел. Тој во едно интервју раскажа дека неколку месеци се обвинувал за се’, се плашел да се соочи со себеси. „Го […]