Тажна вест вечерва ја потресе македонската јавност
На 38-годишна возраст почина Дејан Костуранов, поранешен голман на Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк.
Костуранов ја извршуваше функцијата тренер на голманот на аматерската репрезентација на Србија, а исто така беше и дел од стручниот штаб на Раднички Ратково.
По завршувањето на професионалната кариера во 2016 година, Костуранов се пресели во Србија со своето семејство.
Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квалификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции.