fbpx

Денес се празнува светецот кој ја исполнува секоја желба: Еве што треба да направите

Денес е Св. свештеномаченик Автоном.

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил.

Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот. Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

На овој ден се верува дека Автоном ги исполнува желбите.

“Беше наследник на Апостолот на престолот, затоа кажуваше вистина и за верата до смрт пострада. Моли го Христос Бог за спас на нашите души”. Мнозина болни добија здравје од светите мошти на овој светец.

На овој ден се верува дека молитвата на Светиот свештеномаченик Автоном носи здравје и напредок на секое семејство, па треба да му се помолите. По молитвата, преданието вели дека треба да замислите желба која сакате да ви се исполни, а светецот ќе ви ја исполни.

Следни Објави

Дракче проговори за изгледот: По она што го кажа, жените ѝ симнуваат капа

Драгица Стевковска, популарната Дракче од малите екрани, отсекогаш важела за скромна жена. Овојпат таа на своите следбеници на социјалните мрежи им ги откри ритуалите за убавина. „Ме прашувате кој бутик ме облекува за емисијата ? Јас отсекогаш сама шијам за себе, сама плетам и сама везам.. Ако најдам нешто за […]