fbpx

Се омажи на 18, и двата партнера ѝ починаа: Вики Среброва има тешко минато

Познатата пејачка и водителка има тешко минато

Таа ја има титулата најубава насмевка во Југославија од 1972 година. Носителка е на титулата „Мавровска убавица“ и прва придружничка на „Мис Југославија“. Пејачка и водителка, а денес гордо ја носи титулата баба на пет внучиња. Вака Вики Среброва беше најавена во една прилика во популарното шоу „Нешто конкретно“.

А, токму во оваа емисија таа тогаш сподели интересни моменти од нејзиниот живот зборувајќи за сите предрасуди во ова наше општество со кои се соочила, се разбира како што само таа тоа го умее-низ насмевка. Наместо поддршка, во најтешките периоди се соочувала со потсмев и осуда.

„Јас не го изгубив само таткото на моите деца, јас го изгубив и вториот партнер. Но, за жал, тоа се случуваше после разводите, а не како што пишуваа таблоидите дека јас сум ги умрела. Замислете кој проблем го имам сега.. Ете двајца умрела, сега и третиот сака.. Затоа сум малку повлечена и се насочив кон моите деца.. Дај Боже да се појави и третиот.. може ќе биде среќен, може нема да умре.. Од кај знаеш, трета среќа“, во свој стил се пошегува Среброва.

„Ми треба партнер, сега на овие години најмногу ми треба друштво“, порача таа во истата емисија.

Следни Објави

Хит-диета на Балканот: Со овој режим Калиопи ослабна 10 кила за три недели

Диетата со липосукција е режим на исхрана со кој бројни познати личности на Балканот засекогаш ги решија проблемите со килограмите, па сега е повторно хит-диета која масовно се споделува на социјалните мрежи. Благодарение на нејзе лани и нашата поп-дива Калиопи успеа да симне неверојатни десет килограми за само 17 дена. […]