fbpx

Шокантна исповед на познатата пејачка: Живеев во подрум со мртов дедо

Познатата пејачка Гоца Божиновска повторно си ја отвори душата.

Фолкерката која во неколку наврати отворено зборуваше за животните драми што ѝ се случиле, сега ги вознемири обожавателите со уште едно шокантно признание.

Божиновска раскажа низ каков пекол поминала во младоста во периодот кога живеела со една нејзина колешка.

Со Злата речиси истовремено се разделиле од татковците на нивните деца и заедно тргнале во нов живот.

„Само кога ќе ми текне низ што сѐ поминувавме. Неколку месеци живеевме во подрум во кој претходно живеел еден дедо. Кога тој пoчина, семејството одлучи да го издаде просторот. Немаше ни светло, во темница се движевме на допир за да стигнеме до влезната врата. Како да живеевме во мрачна и влажна шупа со мртов дедо. Се сеќавам кога една вечер се вратив дома, ја затекнав Злата во солзи, избезумена се тресеше од страв. Го сонувала дедото, толку ѝ било реално што имала привиденија дека цело време е до неа. Беше страшно, тоа никому не му го посакувам“, раскажа пејачката.

Следни Објави

Спиев со свекорот: Сега секој ден ми прави ДВЕ работи, но морам да молчам

Еден момент на слабост скапо ја чинеше оваа жена која сега се соочува со вистинска агонија откако водела љубов со таткото на нејзиниот сопруг. „Маж ми се вика Бен. Неговата мајка Џоси почина пред неколку месеци од рак. Имаше само 52 години. Целото семејство беше скршено од болка, но никој […]