fbpx

Нема ни да ги видите оваа есен: Со ова средство смрдливките ќе заминат кај соседите

Овие растителни штетници не ги напаѓаат луѓето, но се многу здодевни бидејќи во текот на овој есенски период влегуваат во домовите, за да се скријат од ладното. Најдобро е да ги исфрлите надвор, не да ги убивате, бидејќи тогаш ќе испуштат непријатен мирис кој може да остане во домот и неколку дена.

Поставувањето мрежи на прозорците и вратите е еден од начините да се ослободите од нив. Најчесто за нивно сузбивање се препорачуваат хемиски средства, но стениците многу брзо се навикнуваат на хемикалиите, па затоа можете да си помогнете со природни препарати кои не се штетни за луѓето и околината.

Препарат од лушпа од кромид

200 г лушпи од кромид прелејте ги со 10 л врела вода и нека стои пет дена. Потоа исцедете ја течноста и со нејзе третирајте ги болките. Ако има голем напад, тетирањето повторете го секој ден по три пати во период од пет дена. Истото можете да го користите и во домот на местата каде се вовлекуваат овие бубачки.

Препарат од чили пиперка

100 г чили пиперчиња иситнете ги и полејте ги со 1 л вода, па варете еден час на тивко во поклопен сад. Сварената течност ставете ја да стои два дена, па исцедете ја. Третирајте со 100 мл течност разредена во 10 л вода. Згодно е за тераси, подруми, натстрешници.

Препарат од синап 

Семе од синап сомелете го во прав, и 500 г од правот прелејте го со 500 мл врела вода, измешјате и оставете да се излади. Течноста процедете ја и додајте 9,5 л вода да добиете вкупно 10 л течност со која ќе ги тертирате билките.

Смрдливките не поднесуваат мирис на лук и нане. Па насадете што повеќе во близина на зеленчукот или пак ако живеете во стан, насадете саксии со нане. Користете ги лукот и нането за подготовка на препрати за третирање.

Следни Објави

Девојче почина, лекарите не им верувале на родителите: Тоа што ја уби дома го имаме сите

Девојче починало откако голтнало батерии, а една недела пред смртта лекарите одбивале да ѝ направат рендген и покрај страшните симптоми кои ги имала, меѓу кои и повраќање крв, тврдат нејзините родители. „Знаев дека нема да ни веруваат. Едноставно ги занемаруваа нашите докази“, порача Алисон Рис, мајката на несреќното дете, која […]