fbpx

Девојче почина, лекарите не им верувале на родителите: Тоа што ја уби дома го имаме сите

Девојче починало откако голтнало батерии, а една недела пред смртта лекарите одбивале да ѝ направат рендген и покрај страшните симптоми кои ги имала, меѓу кои и повраќање крв, тврдат нејзините родители.

„Знаев дека нема да ни веруваат. Едноставно ги занемаруваа нашите докази“, порача Алисон Рис, мајката на несреќното дете, која собра сили да ја раскаже нејзината страна од приказната за трагедијата којашто се случила пред девет години.

Изабела од Австралија имала само 14 месеци кога починала на 4 февруари 2015 година. Истрагата покажала дека нејзината мајка ја однела во болницата „Мелбурн Сашајн“ трипати во само две недели за да проверат дали нешто не е во ред со нејзиниот дигестивен тракт.

На суд изјавила дека докторите комплетно ги игнорирале симптомите кои вклучувале и поцрната столица, порачувајќи ѝ дека што и да е во прашање, организмот ќе го свари страното тело и наскоро ќе го исфрли.

Кога првпат отишол во болницата, таткото на Изабела, Роберт Рис, на лекарите им нагласил дека видел како неговото чедо си игра со батерии. И тој тврдел пред властите дека не добиле навремена медицинска помош.

„Би дале се’ да добиеме уште една шанса да ти го слушнеме гласот, да го почуствуваме твојот бакнеж и да те гледаме како растеш. Нашите срца се скршени, но не чувствуваме гнев. Нашата цел не е да обвинуваме поединци за смртта на Изабела, туку да ги едуцираме родителите колку батериите се опасни за децата и што значи ненавремна реакција од здравствените работници“, напишаа тогаш неутешните родители на социјалните мрежи за семејната трагедија.

Следни Објави

Ти благодариме за сите убавини: Охрид тагува, се одјави Патката

Почина Павел Каралиев-Патка, познат градски лик, урбана легенда која остави голема трага во живеењето во Охрид, информира порталот „Охрид њуз“. Каралиев повеќе од три дeцении успешно водеше и беше сопственик на познати кафулиња и ноќни клубови во градот како „Леа“, „Леб и сол“, „Duck“. Енис Хилми емотивно се прости од […]