fbpx

Ти благодариме за сите убавини: Охрид тагува, се одјави Патката

Почина Павел Каралиев-Патка, познат градски лик, урбана легенда која остави голема трага во живеењето во Охрид, информира порталот „Охрид њуз“.

Каралиев повеќе од три дeцении успешно водеше и беше сопственик на познати кафулиња и ноќни клубови во градот како „Леа“, „Леб и сол“, „Duck“.

Енис Хилми емотивно се прости од својот пријател. Пораката ви ја пренесуваме во целост.

Нека целиот ‘џез и блуз’ на овој свет бидат со тебе на патот кон ѕвездите. И “rock&roll-от”, of course.

Ти благодариме за сите убавини, најсуптилните хармонии и за трагата што ја остави во срцата на многу генерации.

Еве само пред неколку дена запознавам еден “београѓанец” во Берлин. Ми вели: Само заради ‘Duck’ сакав да доаѓам во Охрид.

И ајде сега направи го и таму горе најдобриот клуб, како што само ти знаеш и умееш.

И дочекај не со најшармантната насмевка, со секогаш до срж вистинските муабети и еве може и со ‘Lascaiatemi Cantare’!

И со еден ‘Јаmesson’ со една коцка мраз.

Довидување, пријателе!

Енис.

Следни Објави

Не откривај си ја душата пред сите! Мудра приказна која ќе ви го промени животот

Mлада и многу лична девојка отишла кај еден мудрец целата облеана во солзи. – Што да правам? Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, да не повредувам никого, да помагам кај што можам. Но често, наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури и некои луѓе […]